×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со Свечена академија ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе ја обележи 32-годишнината од формирањето

    14.10.2022 14:40 | Оливера Пешевска

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со Свечена академија ќе ја прослави годишнината од формирањето на огранок на партијата во Куманово. Академијата ќе се одржи утре во салата на ресторан Грација со почеток во 18.45 часот, а ќе присуствува и лидерот Христијан Мицковски.

    Со Свечена академија ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе ја обележи 32-годишнината од формирањето

    „Пред 32 години, нашите основачи, денешните ветерани на партијата ја формираа тогашната првин секцијата, подоцна ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Да се собереме, соединиме, да се потсетиме на постулатите на ВМРО-ДПМНЕ и од тука заеднички како никогаш досега да почнеме да го одиме патот на успехот, патот на победите, да се вратиме сите заеднички на старите,на победничките патеки“, кажа на денешната прес конференција Бобан Николовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој ги покани сите поранешни и сегашни членови, активисти, функционери, ветераните, сите коишто некогаш имале допирна точка со ВМРО, а сега се чувствуваат подзаборавени од било која причина, да се придружат на прославата.