Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Туристичката агенција „Талија„ по повод празникот на жената 8 Март, за нашите сограѓанки организира атрактивни туристички аранжмани по поволни цени на познати дестинации во странство.
Најинтересни се неколкудневните патувања и посети на Истанбул, Баварија и Букурешт, како и дестинациите во Србија: Белград, Нови Сад, Луковска Бања, Соко Бања, Врњачка бања, Копаоник, Златибор и други, каде може да се патува само со лична карта.
Оваа година цените се многу пристапни бидејќи гледавме да бидеме поевтини од другите агенции, така да нашите сограѓанки ќе можат да ја искористат можноста за поаѓање и враќање од Куманово, а не да одат и да се малтретираат до Скопје. Тргнувањето е пред нашата агенција. Најголем интерес имаме за дворците на Баварија и посета на Минхен каде се предвидени 3 ноќевања- 6 дена со цена од 195 евра, Истанбул со три ноќевања- 5 дена чини 120 евра, а Букурешт со 2 ноќевања- 4 дена, чини 89 евра. Имаме уште слободни места и сите кои сакаат да патуваат нека се јават во нашата агенција- вели Светлана Петковска.
Плаќањето е со кредитни картични.
Покрај овие празнични аранжмани, во агенцијата можат да се купат авионски карти, велигденски и првомајски аранжмани и раните програми за годишните одмори во Грција, Бугарија,Шпанија и Турција.
Заинтересираните можат да се информираат на телефоните: 411-414 и 411-477, или лично во агенцијата на булеватот „Трета МУВ„ бр.58, од 9 до 20 часот.