×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна манифестацијата „Денови на мед“ на Градскиот плоштад во Куманово

    05.10.2023 13:20 | Оливера Пешевска

    Рекорден број од 27 пчелари-излагачи од кои најголемиот дел од Куманово учествуваат на годинешната саемска манифестација „Денови на мед“, која се одржува на Градскиот плоштад.

    Започна манифестацијата „Денови на мед“ на Градскиот плоштад во Куманово

    Организатор на настанот, кој има 23-годишна традиција,  е Здружението „Пчела“ од Куманово.

    „Изразувам благодарност до учесниците затоа што секоја година имаме се поголем и поголем број на наши сограѓани кои се занимаваат со пчеларство, што е значајна стопанска гранка и докажува дека Македонија е земја на медот. Посакувам успешни „Денови на медот“, излагачите да имаат резултат, а граѓаните да имаат можност да се снабдат со мед, но и поблиску да се запознаат со пчеларство. Да продолжиме така и во иднина и да бидете вредни како пчелките“, рече градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги поздрави учесниците и присутните.

    На отварањето на настанот беа доделени благодарници на долгогодишни активни и ангжирани самостојни пчелари  и организации. Признание им се  даде и на оние кои сите 23 изданија на манифестацијата учествувале со свој штанд.

    „Регионалниот училишен центар „Киро Бурназ“ има пчеларник со симболична бројка на пчелни семејства, 10-тина кошници за потребите на училишна пракса на учениците и наставниците од ветеринарно-сточарската струка. Тука најзаслужен е колегата Горан Митевски, агроном по струка,но и вљубеник во пчеларството кој и приватно се занимава со гранката и ги открива тајните на пчеларството, каако и неговите ученици. Годинава може да се пофалиме со задоволителна бројка на произведен училишен мед. Добивме и плакета од Здружението „Пчела“ за редовно и активно учество на сите изданија на манифестацијата“, истакна Даниела Митиќ, раководител за бизнис врски и маркетинг во училиштето.

    „Денови на медот“ е тридневна саемска манифестација, која има и продажен карактер. Заинтересираните можат да добијат подетални информации за својствата и предностите на  медот, прополисот, восокот и на кои начини можат да се искористат. Се презентираат новитети како што е медот со вкус на јагода, мелеми од пчелин восок со додаток на лековити травки што лекуваат изгореници или кожни болести. Цената на тегла мед се движи од 600 денари, па нагоре.                      

    Манифестацијата започна со пригодна програма на која настапија членови на Танцовиот клуб „Динамик“ од Куманово.