Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка денес активно се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили - 22 Септември, при што организираше велисипедското дефиле низ градот.
Учество зедоа ученици од средното и основните општински училишта, наставници и професори, претставници на локалната самоуправа, граѓани и дечиња.
Учесниците на овој настан, покажаа дека велосипедот е забавно, ефикасно, безбедно и еколошко превозно средство, кое треба се повеќе треба да се користи во сообраќајот.
„Искуството од досега реализираните активности за одбележување на денот без автомобили се покажа како ефикасно, затоа што се повеќе се подига свеста на граѓаните за користење на еколошкиот превоз и преку реализацијата на овој настан, сакаме да пратиме порака, дека секој треба да го користи велосипедот како превозно средство од најмалите до највозрасните, а особено мерадува фактот што најбројни се најмладите“, - рече градоначалникот Борјанчо Мицевски.
На најмалиот учесник во овој настан, во име на општина Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски му врачи симболичен подарок.