Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минус од речиси 2,5 милиони денари, односно околу 40 илјади евра бележи јавното претпријатие „Куманово- гас“ во второто тромесечие, односно од 1 април до 30 јуни 2024 година.
„Во вториот квартал влеговме во летните месеци, намалена е испораката на природен гас по завршување на грејната сезона. Останатите бројки покажуваат слична ситуација како и минатата година, нема некои поголеми отстапувања“, изјави директорот Марко Митровски на седница на Совет, пред усвојување на извештајот.
На прашањето на советникот Миле Андоновски, дека има разлика во износите кои се однесуваат на истиот период лани и ова година беше дадено едноставно објаснување дека тоа се должи на цената на природниот гас, која минатата година била значително повисока.
„Приходите од надомест за дистрибуција и приходи од надомест за снабдување се речиси исти, зависно од годината во месец април можеме да имаме пониски температури, па мораат да се загреваат градинките, домот за стари лица и болницата. Тогаш и приходната страна изгледа поинаку“, истакна Митровски.
На седницата воопшто не беше спомнато проширување на мрежата и обезбедување на нови корисници кои би ги зголемиле приходите на претпријатието.