Собирни акции во две основни училишта
30.01.2014 15:36
| KumanovoNews
Собирни акции оваа недела ќе бидат организирани во основните училишта “11 Октомври“ и “Браќа Миладиновци“.
- Наши волонтери ги информираат учениците и ќе залепат флаери за собирната акција. Учениците можат да донесат облека, обувки, играчки и училишен прибор кој не им е потребен. Собирните акции се дел од проектот за промоција на хумани вредности - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
Дел од собраните облека, обувки, играчки и прибор ќе бидат донирани за децата во интернатот во Драгоманце, а остатокот ќе биде за загрозените семејства.