Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателството на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОБ и антифашистичката војна на Македонија денеска од својата седница упати остра реакција до јавноста и до надлежните државни и општински фактори со осуда на, како што се вели во соопштението, грозоморниот вандалски чин врз Спомен-костурницата на паднатите борци во НОБ, направен ноќта на 21 спрема 22 вгуст.
„Во објектите на Спомен костурницата оштетени од страна на засега сеуште непознати сторители, почиваат коските на стотици наши борци кои ги дадоа своите животи за слободата на Македонија, како и коските на петмина народни херои од Куманово: Христијан Тодоровски-Карпош, Перо Георгиевски-Чичо, Киро Фетак, Бајрам Шабани и Боро Петрушевски-Папучар. Претседателството на Општинскиот одбор на Сојузот на борците бара од надлежните државни органи, во прв ред на Министерствиото за внатрешни работи итно да бидат откриени и најстрого казнети сторителите на овој безумен чин со кој се искршени вратите и горниот мермерен раб на двете крипти, како и мермерот од платото на објектот. Од Министерството за култура на РМ - Управа за заштита на спомениците на култура во Скопје бараме веднаш да преземе мерки за санација на направената штета, бидејќи Споменкостурницата е под невина надлежност и е споменик на културата од прв ранг- велат борците.
Тие наведуваат дека невиден срам и скандал ќе биде и за градот Куманово како град првоборец доколку вандалите продолжат со своите криминални дејанија врз објектите на Спомен-костурницата.
Инсистираме да се постави физичко обезбедување на ликалитетот. Во насока на санирање на штетата и обезбедување на споменикот очекуваме соодветно ангажирање и на градоначалникот на Куманово и локалната самоуправа преку своите комунални претпријатија‘‘ - се вели во реакцијата на Општинскиот одбор на СЗБ на Куманово.