Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сојузот на борци од НОБ - Куманово ќе го одбележи формирањето на Трета Македонска ударна бригада во понеделник во дворот на училиштето во селото Жегњане, Општина Старо Нагоричане.
Оваа година се навршуваат 79 години од формирањето на славната Трета МУБ, и од здружението ги повикуваат граѓаните да се приклучат на одбележувањето на овој значаен историски датум.
„Сојузот на борците ги повикува сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да земат учество во одбележувањето да дојдат да се пријават во просториите на Сојузот на борците, во зградата на Комитет, и тоа денеска и утре, за да се знае бројката за организираниот превоз. Пријавувањето е од 10 до 12 часот“, изјави Цоки Ристевски, од Сојузот на борци Куманово.
Поаѓањето е во понеделник во 10 часот од пред зградата на поранешниот Комитет.