×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Опасен“ квалитет на воздух во Соколана, Градски парк и Гоце Делчев

    16.11.2023 09:52 | Оливера Пешевска

    Висока концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честитички кои се опасни по здравјето на луѓето покажаа три од пет мерни станици во Куманово. Овие параметри се за станиците кај  училиштата „Наце Буѓони“,  „Кочо Рацин“ и  „Зафир Сајто“, додека кај Занатскиот дом, која го мери загадувањето во централното градско подрачје покажува дека возухот е нездрав за чувствителни лица. Единствена зелена зона со добар воздух е околината на Пожарната станица во Куманово.

    „Опасен“ квалитет на воздух во Соколана, Градски парк и Гоце Делчев

    Во моментов достапни се податоците од пет мерни станици за амбиентален воздух, од вкупно шест колку што се поставени од Општина Куманово на различни локации на градот. Станицата во училиштето „Магдалена Антова“ во населбата Карпош, подолго време не е во функција.

    Станицата на Министерството за животна средина, во кругот на Општа болница Куманово е единствената што покажува добри вредности на амбиенталниот  воздух.

    Последното баждарење и проверка на станиците е направено пред две недели,  па податоците кои сега се исчитуваат се сметаат за релевантни,а приказот е во реално време.

    „Поради технички проблеми, но и редовно баждарење и корегирање на мерните станици за квалитет на амбиенталниот воздух, тие беа испратени за да се извршат потребните интервенции. За ова се издвоени средства од Програмата на Совет на Општина Куманово. Фирмата која ја изврши ова услуга е Инфопројект од Скопје“, изјави Александра Георгиевска Протиќ,од Одделението за животна средина.

    Куманово е првата општина која постави сопствен систем за мерење на аерозагадувањето во градот, односно  мерни станици на шест локации.  Станиците се инсталирани во декември 2021 година, а во нив се инвестирани 660 илјади денари општински буџетски средства.