Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Сон на летната ноќ- ама на наш начин” од Вилијам Шекспир, во изведба на средношколците од Куманово вечерва во 17 часот ќе се игра во Македонскиот народен театар во Скопје.
Претставата е работена седум месеци во работилница за театарска уметност во состав на Центарот за меѓукултурен дијалог.
На барање на нашите соработници од Скопје и по иницијатива на самите волонтери, да се презентираат и надвор од Куманово, дојде идеата за претставување на ова драмско дело и во МНТ”- изјави Ивана Давидовска од Центарот за Меѓукултурен дијалог.
Во претставата играат Македонци, Албанци, аматери, но како вистински професионалци, креативни и разиграни. Пред две недели пртетсвата беше играна во Народниот театар и предизвикаа воодушевување кај кумановската публиката. Актерите изнудија насмевки на лицата на присутните, но и докажаа дека младите луѓе од мешан етнички состав можат заедно да сонуваат, зборуваат, творат и да се забавуваат.
Режисер и координаторот на проектот е Кети Дончевска Илиќ. Проектот е во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог и на УНИЦЕФ. Билетите се бесплатни и можат да се подигнат пред билетарницата на МНТ.
Во претставата играат: Денис Давитковски, Кујтим Мамути, Марија Станојковска, Алмедина Садики, Давид Илиќ, Анѓела Стаменковска, Милош Стојковиќ, Леонора Бајрами, Хемаил Имери, Туркане Дервиши, Марио Стојковски, Стефан Костовски, Зоран Трајковски, Мухамед Шакири, Дарко Медарски, Ана Величковска, Сара Мушановиќ, Драгана Стојановска, Марија Марковска и Фериде Фазлију.
Е.Г.