Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради штрајкот на машиновозачите само возовите кои ги превезуваат мигрантите од Гевгелија до Табановце сообраќаат, а сите други линии се стопирани.
Машиновачите штрајкуваат деветти ден, и ќе продолжат со штрајкот се додека не им се исплати целосно јулската плата.
Генерален штрајк е и возовите не сообраќаат ниту кон Скопје, ниту меѓународните линии. Возат само оние возови кои превезуваат мигранти. До кога ќе биде вака не знаеме - рекоа од Железничка станица Куманово.
Штрајкувачите се револтирани не само поради неисплатените плати, туку и поради тоа што се повикани пензионери да ги заменат , за кои сметаат дека не се способни да ја вршат нивната работа.