×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сообраќајниот метеж и недоволниот паркинг простор стануваат се поголем проблем во градот, рече Ивановски

    29.04.2021 11:18 | KumanovoNews

    Проблемот со паркирањето одамна претставува голема пречка за нормалното функционирање на животот во нашата општина. Со децении локалната власт предводена од СДСМ, за време на предизборните кампањи, кога им треба поддршката од граѓаните, ветува дека ќе најде соодветно решение за недостигот од паркинг простор, но како и секогаш веднаш после изборите заборава на овој проблем. За локалната владејачка елита воопшто не е приоритет изградба на катни гаражи и други решенија за создавање на доволен паркинг простор во најголемата општина во државата, изјави Срѓан Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

    Сообраќајниот метеж и недоволниот паркинг простор стануваат се поголем проблем во градот, рече Ивановски

     Тој потсети дека актуелниот градоначалник Максим Димитриевски во својата програма ветуваше изградба на три катни гаражи, но се уште не ги реализираше.

    „Единствен обид, кој се повеќе станува контроверзен, е поставувањето на монтажна конструкција на паркингот пред Центарот за култура, која се покажа како крајно нефункционална и дополнително го оптерети јавниот простор во центарот на градот, предизвикувајќи усложнување на дневниот сообраќај. Оваа импровизација од градба не претставува никакво решение за проблемот со паркирањето. Она што ќе остане како спомен, е помпезноста на свеченото отворање на оваа карикатура на која ако нема натпис, многумина ќе помислат дека е некоја летна бавча, тераса и слично. Овој комунален чир, измислен од локалната власт, уште повеќе го стеснува и онака недоволниот простор за непречен проток на луѓе и возила во центарот на градот. Општа констатација на кумановци е дека ова монтажна конструкција на Максим Димитриевски предизивикува голем револт кај граѓаните,“ кажа Ивановски.

    Тој додаде дека како поминува времето сообраќајниот метеж и недоволниот паркинг простор стануваат се поголем проблем, кои актуелната локална власт очигледно нема намера да ги решава, туку само од време на време ќе реализира одредени квази - проекти кои претставуваат одраз на нивното лицемерие и цинизам со кој владеат 30 години во Куманово. Затоа јавно праша кога граѓаните на  Куманово ќе добијат доволен паркинг простор?

    (С.Н.)