Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово во договор со локалните чевларски фирми, ќе организира шопинг тури во одреден ден во неделата за граѓаните од другите градови.
Со тоа ќе се промовира чевларството и ќе има попусти на обувките. Ова е предвидено во програмата за работа за 2015 година која ја изготви секторот за локален економски развој во општината.
“Најинтересно според мене и новина е организирана шопинг тура, каде седум, осум фирми кои сакаат да се вклучат би понудиле големи попусти за сите посетители во и надвор од Куманово. Би можеле да посетат галерија на икони или некој туристички локалитет, некаде да ручаат во Куманово и целиот овој процес да го организираме во еднодневна или дводневна екскурзија“ - изјави Зоран Павловски, раководител на сектор за локален економски развој во општина Куманово.
Во 2015 година ќе се избира локален бренд, сувенир, ќе продолжи уредувањето на Бислимска клисура и ред други проекти.