Сопругата го пријавила за насилство, полицијата дома му нашла марихуана и украдени предмети
28.06.2023 12:10
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 34-годишен кумановец, затоа што при претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана, дробилка и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

Тој претходно бил пријавен од неговата сопруга дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни поднесоци.