×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Совети за превенција и заштита од шумски пожари

    04.08.2021 06:36 | Сара Ѓорѓиоска

    Постојат две причини за шумските пoжари, од кои едната е човечкиот фактор, а другата природниот фактор. 

    Совети за превенција и заштита од шумски пожари

    Природните пожари се предизвикани од громови или спонтано комбустирање кое се должи на сува и топла клима. Кога старите гранки, лисја и друг природен отпад се собираат и сушат, топлината и сончевата светлина е доволна за да ги запали. Но, најчестиот причинител на шумските пожари се луѓето. Некои од начините на кои што луѓето придонесуваат за опожарувањето се фрлањето отпушоци, огнометите, контролираните палења и општата невнимателност.

    Како да бидете попретпазливи и да превенирате пожари?

    - Набљудувајте ги контролираните пожари, не ги испуштајте од вид и имајте противпожарен апарат со вас во секое време.
    - Никогаш не палете ништо во денови кои се особено ветровити.
    - Не се двоумете да ги повикате надлежните доколку забележите активности кои би довеле до пожар.
    - Лесно запаливите отпадоци фрлајте ги претпазливо; отпушоците се сериозна закана за шумите, никогаш не фрлајте запалена цигара од возило во движење или во сув предел кој лесно може да се запали.

    Како да се движите најбезбедно низ чадот во запалена средина, доколку се најдете среде катастрофа?

    - Трчајте бавно во спротивниот правец од кој дува ветерот.
    - Имајте влажна или водена крпа да ги покриете носот и устата додека трчате за да не го вдишувате чадот директно.
    - Доколку сте вознемирени да не се заглавите, трчајте накај водна површина (ако ја има).
    - Барајте места каде што пожарот ќе биде ублажен како карпести предели, предели со ниска трева или предели кои веќе се опустошени.
    - Доколку имате прилика, покријте го телото со волнена или памучна облека, најголемиот број од другите вештачки материјали ќе се стопат и залепат на вашата кожа.

    Бидете одговорни, бидете хумани, следете ги безбедносните протоколи и обидете се да останете смирени во критични ситуации.