×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците бараат позорникарска служба во градот

    11.03.2015 14:22 | KumanovoNews

    Советниците на СДСМ бараат од Полициската станица Куманово во градот да воведе позорникарска служба.

    Советниците бараат позорникарска служба во градот

     За ова прашање и порано било дискутирано, а на денешната седница повторно се актуелизираше.

     “Години наназад бараме позорникарска служба во градот, но досега нема епилог. Да видиме полицајци да шетаат и по сокачиња, а не само по главните улици. Добиваме одговор дека нема доволен број на полицајци. Колку полицајци имате вработено во 2014 година во вашата Полициска станица?“ - праша Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово.

    Командирот на Полициска станица од општа надлежност Куманово, Антон Витковски не даде конкретен одговор зошто не се прифаќа барањето за полицајци-позорникари, но рече дека минатата година немало нови вработувања во станицата.

     “Кај нас нема нововработени, освен 7-8 полицајци кои се прераспределени на нови работни места. Ако мислите на новите курсеви, во Полициска станица Куманово нема испратено нови полицајци,- одговори Витковски.

     Советниците на денешната седница на Советот на општина Куманово, го изгласаа годишниот извештај за преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово. Во него стои дека има намалувањето на криминалитетот е за 13,9 отсто, сообраќајните незгоди за 7.1 отсто, а прекршоците против јавниот ред и мир за 26,8 отсто.

    Овие податоци различно ги прифатија советниците, додека локалната опозиција ја пофали работата на полицијата, политичките опоненти од СДСМ говореа за постојните проблеми во нивното работење, пред се за сообраќајниот хаос и паркирањето, поради што побараа од сообраќајната полиција поголема ангажираност на терен.