×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците изгласаа што ќе работат годинава

    09.02.2012 16:32 | KumanovoNews

      Советниците денеска ја изгласаа програмата за работата на Советот за 2012. Програмата содржи над 100 точки, а во неа ќе се вметнат и предлозите на советниците за актуелни прашања со што се очекува да бидат обработени над 300 точки по дневниот ред. 

    Советниците изгласаа што ќе работат годинава

    Некои матерјали за првпат ќе бидат разгледани, а тука и се информации, програми и стратегии. Во првиот квартал ќе се разледува можноста да бидат ослободени од обврската за плаќање на такстата сите кои немат технички можност за улично осветлување. Тоа се населени места надвор од градот. Иста така ќе се направи информација за имотната состојба на општината, спортските објекти, инфраструктура, деловни објекти и други. На ова треба да се надодадат и програми и извешатите за работа на јавните претпријатија и образовните институции - вели претседателот на Советот, Виктор Цветковски.

    Од опозицијата не се задоволни од работата на Советот, бидејќи сметаат дека повеќе се давало предност на квантитет отколку на квалитет во работата во изминатата година, а не биле разгледани суштински информации кои би го подобриле квалитетот на животот на граѓаните.

    Тоа се регулирањето на режим во сообраќајот, состојбата со такси превозот, состојбара со паркинг простор во градот, комуналната инфрасртуктура, стратегија за информатичка технологија и други точки. Затоа барам да им се  даде приритет на овие точки на почетокот на оваа година. Годинешнава програма има законски формално-правни содржини, но од нас советниците зависи дали ќе додадеме точки кои ќе носат бенифит на граѓаните.- вели Бобан Николовски, координатор на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.