Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе се расправа за Предлог - буџетот на Општина Куманово за наредната година. На дневен ред се 26 точки, повеќето програми за работа на јавните претпријатија и установи.
Дневен ред :
1. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2023 година;
2. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;
3. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година;
4. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2023 година;
5. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2023 година;
6. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година - зимско одржување;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цени за зимско одржување на сообраќајници во град Куманово при Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2023 година;
9. Работна програма за 2023 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
10. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година;
11. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;
12. Предлог - Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
13. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
14. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година;
15. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година;
16. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош или помош во натура за 2023 година;
17. Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година;
18. Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
19. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2023 година;
20. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2023 година;
21. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2023 година;
22. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
23. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2023 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
24. Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јануари – јуни 2022 година;
25. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово;
26. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2023 година.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk