×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советничката функција треба да ни е врвен приоритет, порача Мургашанска откако беше прекината седницата на Советот поради немање кворум

    17.02.2021 16:03 | KumanovoNews

    Педесет и втората седница на Советот на Општина Куманово денеска беше прекината поради немање на кворум. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата откако виде дека во салата нема доволно советници од власта, иако на дневен ред следуваа неколку значајни точки, меѓу кои и советнички прашања.




     

    Советничката функција треба да ни е врвен приоритет, порача Мургашанска откако беше прекината седницата на Советот поради немање кворум

     Претседателката Атина Мургашанска се обиде да ги разубеди во намерата и ги потсети на обврската која ја имаат како советници, да работат одговорно и посветено во интерес на граѓаните, независно од која политичката партија доаѓаат, но тоа не ги поколеба.

    „Колку што јас имам обврска како член на Совет, толку имате и вие да седите на седниците. Ваше право е дали ќе излезете, но граѓаните ќе ценат зошто советниците од опозицијата примаат паушал. Дали само да се сликаат и да се потпишат или да работат со нас“,  порача Мургашанска од говорницата.

    Таа во разговор за Кумановоњус вели дека седницата ќе ја продолжат во првиот момент кога ќе биде возможно да се работи. Меѓутоа, несаканиот прекин го искористи да апелира до сите, без разлика дали се опозиција или позиција,  дека советничката функција е врвен приоритет и треба да се однесуваат  одговорно  додека ја извршуваат својата обврска како народни претставници.

    „Имаме законска обврска и должност да учествуваме во сите тела на Советот, пред се на седниците. Во овој случај, сум разочарана од членовите на опозицијата. Иако беа присутни во моментот кога имаше кворум, тие одлучија да ја напуштат седницата и да оневозможат функционално работење, со образложение дека владејачкото мнозинство има обврска да овозможи доволен број на присутни. Следните три точки беа од сферата на социјалната заштита, пакет мерки кои ги носи Советот на Општина Куманово заедно со Секторот за социјална работа, за помош на лицата со посебни потреби, пред се со оштетен вид и слух. Беше потребна поголема доблест да се остане на седницата и да се изгласаат овие точки кои ќе помогнат во животот на овие лица. Одговорноста е повеќе кај позицијата, но и опозицијата треба да ги извршува своите обврски, сите заедно да работиме во интерес на граѓаните“, смета Мургашанска.

    Таа вели дека дел од советниците на позицијата имале најавени отсуства поради здравствени причини, но има и такви кои постојано имаат поважни обврски од совеничките.

    „Некои од советниците го немаат како приоритет учествотото во Советот, па поради тоа сум разочарана. Им препорачувам да го променат тоа и да го сочуваме достоинството на Советот, заради граѓаните што не избрале“, вели Мургашанска.

    Затоа, таа планира да покрене иницијатива на ниво на државата за измена на законската и подзаконската регулатива за присуство, работа и одговорност на советници и санкционирање при напуштање на седница. Сега доколку советниците се појават на почетокот на седницата тие добиваат хонорар и освен морална санкција, не трпат други последици.

    (Д.Давитковски)