×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советничката Љуљета Милаими од СДСМ премина во Демократското движење на Изет Меџити

    01.08.2024 12:21 | Оливера Пешевска

    Љуљјета Милаими од СДСМ, членка на Советот на Општина Куманово премина во Демократското движење на Изет Меџити, кое е дел од коалицијата Вреди, која пак е во коалиција со партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на централно ниво.

    Советничката Љуљета Милаими од СДСМ премина во Демократското движење на Изет Меџити

    Милаими вели дека одлуката да ја напушти матичната партија ја донела на барање на нејзините поддржувачи, кои биле незадоволни од преземните активности и неисполување на нивните барања од партијата на која и припаѓала. Најави дека во Советот ќе работи независно.

    „Незадоволството кај моето гласачко тело и неисполнување на дел од барањата кои ги имаа ветено, се причините кои ме поттикнаа на овој чекор. Но, генерално со колегите од советничката група имав добра меѓучовечка и партиска  комуникација, односи кои имам намера да ги задржам и во иднина, и се надевам дека ќе имаме соработка. На седниците на Советот ќе делувам како независен кандидат“, изјави Милаими.

    Со излегувањето на Милаими,  советничката група на коалицијата на СДСМ како опозиција во Советот ќе остане со 9 советника, но ќе пак ќе биде најбројна, бидејќи ЗНАМ има 8 советници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 6, ДУИ 4 и по еден од Левица, Гром,  Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса.

    Од СДСМ велат дека не се запознаени со одлуката на Милаими.