Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 9 точки, меѓу кои финансиското работење на јавните претпријатија „Куманово-план“ и „Пазариште“.
Советниците ќе расправаат и за предлогот за ослободување на угостителите и другите правни субјекти од плаќање на комунална такса за летни бавчи и просторот пред објектите додека трае коронакризата, како и предлогот за издавања под концесија на објектот на поранешната караула во селото Длабочица.
Дневен ред
1. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;
2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2020 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
4. Извештај за реализација на Програма на културни манифестации во Општина Куманово за 2019 година;
5. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси;
6. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за комунален ред во Општина Куманово;
7. Предлог – Одлука за давање согласност за аплицирање на Јавен повик за изработка на техничка документација од страна на Фондот за техничка документација при УНДП, објавен и финансиран од страна на УНДП и Кралството Шведска;
8. Предлог – Одлука за давање на согласност недвижни ствари на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
9. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово.