×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот ќе расправа за продолжување на бесплатниот јавен превоз до крајот на годината

    30.10.2023 09:41 | Сузана Николиќ

    Дали ќе продолжи сувбенционирањето на јавниот градски превоз  во Куманово до крајот на годината, утре ќе одлучат советниците. Пред еден месец тие донесоа одлука да трае само до 31 октомври, затоа што немаа пари за повеќе. 

    Советот ќе расправа за продолжување на бесплатниот јавен превоз до крајот на годината

     „Поради неможност да се обезбедат парични средства за три месеци, сега одлуката се менува, ние со пренамена успеавме да обезбедиме средства за еден месец и тоа од 1 до 31 октомври“, кажа тогаш Лидија Ланг-Спасовска, раководителка Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата.

    Средствата во висина од 4.7 милиони денари за овој месец Општината ги обезбеди преку кратење на капиталните инвестиции и заштита на животната средина.

     На седницата која се одржа пред 1 месец, поточно на 26 септември, советниците од опозицијата кажаа дека на една од наредните седници ќе се донесе нова одлука за бесплатен превоз до крајот на годината, откако ќе се направи нова пренамена на средства од други ставки. Тие велат дека не се против одлуката да се субвенционира јавниот превозот, но бараат да се смени опфатот, бидејќи сметаат дека досегашната примена не ги дала очекуваните резултати, поради што има голем број на забелешки од граѓаните.

    Советнкиот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите вели дека Општина Куманово не е толку богата за да потроши пари на мерка која не може да се контролира, па затоа побара таа да им биде овозможена само на граѓаните кои се во социјален ризик и тоа со персонализација на тоа право.

    Неуспехот на овој проект опозицијата го  гледа и во тоа што за 9 месеци не е изградена ниту една автобуска постојка, па патниците се земаат од улица, а не е уреден ни диспечерскиот центар.  Тие сметаат дека дел од граѓаните ја злоупотребуваат мерката и се возат повеќепати дневно, додека други, кои се дури повеќе од 50 отсто и имаат реална потреба за користење на градски превоз, или не можат да влезат во автобусите поради гужвите во ударните термини или не го користат превозот затоа што немаат услови, или воопшто нема линиски превоз во близина на местата каде што живеат.

    Раководителката на секторот Ланг-Спасовска, кажа дека на превозниците им се плаќа 40 денари од поминат километар, а има 26 линии кои поминуваат 110 илјади километри дневно, а превозот го користат од 10 до 13 илјади патници.

    Во Куманово субвенционирањето на јавниот градски превоз започна на почетокот на годината и тоа општинскиот буџет досега го чини над 800 илјади евра. Прво траеше 6 месеци, па беше продолжено на уште на три. Граѓаните кои секојдневно го користат се задоволни од мерката, но поголем дел сметаат дека е непотребна, популистичка и многу скапа. Ќе чини над 1 милион евра.