×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Современа метеоролошка станица за потребите на регионот поставена во Куманово

    15.11.2023 08:37 | Оливера Пешевска

    Нова автоматска агрометеоролошка станици е поставена во дворот на училиштетот „Киро Бурназ“ во Куманово. Станицата ќе дава релевантни податоци за метеоролошките мерења и временската прогноза во целиот регион за потребите на Управа за хидрометеоролошки работи.

    Современа метеоролошка станица за потребите на регионот поставена во  Куманово

    Изборот на локација е спроведена од УХМР, а по добиеното одобрение од МОН, станицата е инсталирана на таа локација.

     „Водено е сметка да се постави на место на кое нема да пречи никому, затоа е избрана и локацијата во дворот на училиштето, но не на место каде се одвива практична настава и работа на учениците. Спецификата е во тоа што станицата врши агрометеоролошки мерења за потребите на целиот регион, не само за градот“, истакна Весна Трајковска, директорка на ДУЦ „Киро Бурназ“.

    Станицата ќе врши мерења на врнежите, влагата во почвата, брзината на ветерот, правецот на ветерот, атмосферскиот притисок, влажноста и температурата и преку софистицирани софтверски решенија го анализираат ризикот за различни култури.

    Податоците од станиците ќе се користат и за правилно користење на средствата за заштита на растенијата согласно микроклиматските услови.
     
     Се очекува деновиве да се доуреди просторот околу станицата.