Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Оливер Спасовски, најверојатно ќе биде генерален секретар на СДСМ, откако вчера делегатите на Конгресот избраа ново раководство.
За нов лидер на најголемата опозициска партија е избран Зоран Заев, а за потпредседател Радмила Шекеринска.
На вчерашниот конгрес беа назначени и членовите на централниот одбор. Општинската организација од Куманово во ЦО ќе ја претставуваат само Максим Димитриевски, Андријана Колевска и Виктор Петрушевски, откако Спасовски ќе биде назначен на високата функција.
Спасовски пред неколку години беше организационен секретар на СДСМ.