×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски ги повика кумановци да гласаат за Илиевски

    15.10.2021 06:53 | Сузана Николиќ

    Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, ги повика граѓаните на Куманово, во недела на 17 октомври да гласаат за кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски.

    Спасовски ги повика кумановци да гласаат за Илиевски

    „Почитувани кумановци, мои сограѓани, Куманово докажа на дело дека е град на прогресот, град на револуцијата и град на мудроста. Кумановчани се секогаш на вистинската страна:и на историјата - кога биле положени животи за слободата, -и во денешнината – кога предводевме во рушењето на деценискиот режим, кога донесовме тешки одлуки и ги осигуравме евро-атлантските интеграции. Јас силно верувам во мудроста на кумановчани и сега, кои повторно ќе застанат на вистинската страна и ќе ги поддржат Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, за Најдоброто за Куманово.

    Овде, во нашиот град, со поддршка од Владата, за само 4 години, вложени се над 120 милиони евра во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Рехабилитиравме и над 85 километри локални и регионални патишта, направивме 3 училишни спортски сали, водоводи, канализации. Режимот - за 11 години направи две тениски игралишта во Куманово. Ние вложуваме во потребите на луѓето, затоа што се грижиме за граѓаните и државата. А тие вложуваат во жални врби и стиропор, затоа што така насочуваат милиони евра провизии за своите лични потреби. Ние градиме Едно општество за сите граѓани. А тие го подриваат соживотот и ги делат луѓето. Со нив сте во опасност - сите се во опасност - и граѓаните и државата. Со нас сте на сигурно - сите се на сигурно – и граѓаните и државата.

    Има разлика и знам дека ќе донесете исправна одлука што е Најдоброто. Јас ве уверувам, Оливер Илиевски – нов градоначалник на општина Куманово е Најдоброто за општина Куманово. Оливер го знаеме сите, тој е чесен човек, одговорен, упорен и вреден, домаќин човек. Оливер ја има поддршката од СДСМ, ја има мојата поддршка, Оливер ќе биде силно поддржан од централната власт, да обезбеди европски квалитет на живот во општина Куманово.

    Да продолжиме да го развиваме Куманово, да го задржи Куманово чекорот Напред, општина Куманово да биде европска општина. На 17-ти октомври: не седиме дома, не дозволуваме да се врати режимот! Ве повикувам: Да заокружиме број 12, да гласаме за Оливер Иливески и да го осигураме Најдоброто за општина Куманово!, изјави Спасовски.