×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Граничниот премин Белановце - Станчиќ е доказ за исполнување на интересите на граѓаните од двете страни на границата

    06.07.2020 12:59 | KumanovoNews

     Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска оствари работна посета на граничниот премин Белановце - Станчиќ, при што истакна дека пуштањето на граничниот премин на 31 јануари е уште еден доказ за исклучително добрите односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

    Спасовски: Граничниот премин Белановце - Станчиќ е доказ за исполнување на интересите на граѓаните од двете страни на границата

    „Многу бргу граничниот премин ја потврди својата оправданост зашто во огромна мерка ја подобри меѓусебната комуникацијата на граѓаните на општините Липково и Гнилане. Преминот го олесни поврзувањето за развој на бизнис врските и за економски напредок на локалните заедници во овој регион каде што се поврзуваат Северна Македонија и Косово. За само два ипол месеци, односно од 31 јануари до 14 март годинава преку граничниот премин регистриран е влез и излез на вкупно 47.020 патници, што говори за исклучително оправдани причини за потребата од официјален граничен премин на овој дел од границата“, потенцираше премиерот Спасовски.

    Тој изрази жалење што заради мерките за справувањето со последиците од ковид-19, преминот беше затворен на 14 март и сѐ уште не е отворен за сообраќај.  

    „Сепак, во овој краток период и во сложени услови за работење заради пандемијата, и полициската станица за гранични проверки и граничен надзор спречи обид за шверц на поголема количина ресивери, откри едно лице барано за издржување на затворска казна, спречи обид за нелегално минување на државната граница на  шест лица државјани на Северна Македонија, од кои две лица се спроведени во државен карантин, и спречи обид за пренесување на 33 лица илегални мигранти“, објасни премиерот Спасовски.

    Тој истакна дека полициските работници, како и здравствените, заедно со припадниците на армијата и другите во секторите справување со закани по безбедноста и здравјето на граѓаните се на првите борбени линии и се најизложени во борбата со коронавирусот и најдобриот начин да им помогнеме е со тоа што ќе ги почитуваме мерките и ќе спречиме бројот на заразени да расте, да обезбедиме функционални институции за да се стави крај на патот на ширење на вирусот.  

    Тој образложи дека животот мора да продолжи во својата нова реалност и тоа ќе ни помогне бргу да ги прилагодиме нашите политики и да обезбедиме континуитет на растот во повеќе области кои беше во нагорна линија пред да не зафати оваа здравствена и економска криза.

    „Општина Липково, секако е една од општините која предничи во однос на бројот на проекти од интерес за граѓаните реализирани со поддршка на Владата. Од двата поголеми и реализирани патни правци се патот по кој дојдовме до овој граничен премин, односно потегот од Опае до Белановце, односно до граничниот премин, како и рехабилитација на регионалниот пат Матејче-Липково, во вкупна вредност од 6,1 милиони евра. Во рамките на програмата за рамномерен регионален развој во општината во последните  две ипол години се реализирани 12 проекти со вкупна вредност од 102 милиони денари: За заштита на животната средина и подобрување на условите за живот и рурален развој; За изградба на фекална канализација во селата Отља, Матејче и Ваксинце; За изградба на ограда околу дворното место и партерно уредување на училишниот двор на основното училиште „Култура“ во село Слупчане; за изградба на улица во село Слупчане. Во Липково, преку Проектот за социјални услуги се издвоени средства за градежни работи за изградба, адаптација, доградба или надградба на простор за детска градинка во Липково, и за градежно занаетчиски работи за реконструкција и реновирање на Дневниот центар за лица со посебни потреби во село Оризаре Општина Липково“, акцентираше премиерот Спасовски.

    Тој објасни дека како дел од поширокиот северо-источен регион, општина Липково бездруго има придобивки и од бројните инфраструктурни проекти во регионот.

    Тоа се: патните правци Куманово - Свети Николе, Куманово - Никуштак, Куманово - Опае - Слупчане - Белановце кои се целосно реконструирани, Куманово - Крива Паланка, регионалниот пат од село Војник до Страцин и делницата на Коридорот 8 што ги поврзува Куманово - Страцин - Крива Паланка - граничен премин Деве Баир.

    Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска истакна дека поминавме еден важен период на реформско структуирање на институцијата во која беа поставени темели за натамошно развивање, растење, унапредување на сите нивоа на полициското и безбедносното работење, онака, како што впрочем, ни сугерираа нашите меѓународни партнери од НАТО и ЕУ, но пред сè и онака како што од нас бараа граѓаните на нашата земја.