Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Оливер Спасовски, шеф на опшинскиот изборен штаб и Максим Димитриевски, носител на листата за советници на коалицијата Сојуз на иднината, на синоќешниот мини-митинг во месната заедница Бајрам Шабани ги обвинија противкандидатите од ВМРО-ДПМНЕ дека намерно ги одбегнуваат изборните соочувања и тв дуели.
Ви се извинувам во името на градоначалникот Зоран Дамјановски што вечерва не е тука, но тој е на тв дуел на кој требаше да биде и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓеоргиевски.Меѓутоа замислете Ѓеорѓиевски се разболел. Вчера шеташе по Центарот за јавно здравје, во Центарот за социјални работи, Агенција за вработување, вршеше притисок на вработените, а денеска е болен. Мислам дека е срамно за еден човек кој претендира да води град од 120 000 граѓани да бега од тв дуели и соочувања.- изјави Спасовски.
Димитриевски смета дека покрај кандидатите за градоначалници соочување треба да имаат и носителите на листи за советници, за да видат граѓаните што им се нуди и да одлучат за кого ќе гласаат.
Ние сме овде власт, но не бегаме од тв дулеи, туку напротив ги повикуваме нашите политички опоненти да излезат и да се соочат со нашите кандидати. Но, бидејќи ја немаат таа храброст ќе се соочат со народот на 24 март и ќе добијат еден голем дис лајк за да си одат, затоа што немаат што да бараат во Куманово. Времето покажа дека третманот што ВМРО го имаше кон овој народ и овој град не е соодветен на она што кумановци го заслужуваат. За нивното владеење не потрошија ни жолта банка за Куманово. Се што е изградено во Куманово е од граѓанските пари, а менаџирано од СДСМ и нашите коалициони партнери- рече Димитриевски.