×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради

    10.10.2021 17:52 | Сузана Николиќ

    „Нашите политики се за подобар живот на граѓаните, за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место, а тоа граѓаните на Куманово го препознаваат“, рече Оливер Спасовски на средба со граѓаните во Куманово и Агино село.

    Спасовски: Вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради

    „Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии. Парите на граѓаните денеска не ги трошиме на барок, на споменици и палми, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Резултатите се видливи, без оглед за кој сектор станува збор и за сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните“, потенцираше Спасовски.

    Тој кажа дека фокусот на нивното работење ќе биде комуналната инфраструктура. 

    „Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село. Ќе продолжиме со инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам“, кажа Спасовски и додаде дека граѓаните ќе го поддржат Оливер Илиевски за градоначалник на Куманово и советниците од советничката листа на СДСМ и коалицијата за реализирање на сите проекти за најдоброто за Куманово.


    Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, на средбата со жителите на Агино село истакна дека предвидуваат уредување на училишен двор и адаптација на игралиште во мултифункционално, како и изготвување на проект за канализација со пречистителна станица.

    Илиевски ги повика жителите на Агино село да заокружат 12 за победа на СДСМ и победа на проекти кои значат модернизација на Куманово и подобар живот за сите граѓани.