×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СПМ дава поддршка за повлекување на Законот за попис

    21.02.2021 17:07 | KumanovoNews

    Продолжи собирањето на потписи на Градскиот плоштад во Куманово, заради повлекување на Законот за попис. Членовите на Социјалистичка партија во Македонија, - огранок Куманово, денеска дадоа поддршка на оваа иницијатива.

    СПМ дава поддршка за повлекување на Законот за попис

    Извршниот секретар на партијата и претседател на општинската организација Куманово, Жарко Милошевски изјави дека социјалистите низ целата држава активно се вклучени и ја поддржуваат оваа граѓанска иницијатива и се надева дека овој граѓански активизам ќе придонесе да се спречи фингираниот попис кој што власта планира да го спроведе.

    „Социјалиситите од Куманово масовно ја поддржаа граѓанската иницијатива за собирање на потписи за спречување на Законот за попис. Пописот треба да се спроведе и потребен е на Македонија меѓутоа според препораките на ЕУРОСТАТ и треба да биде статистичка, а не политичка операција. Ги повикува сите граѓани, да излезат масовно и да го дадат својот потпис на граѓанската иницијатива“,  изјави Милошевски.

    Тој додаде дека она што го одбележа денешниот ден на собирањето потписи е масовното присуство на СПМ со своето членство и поддршка на коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.