×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спомен обележје во Куманово во чест на загинатите полицаjци во „Диво насеље”

    22.08.2023 11:16 | Жаклина Цветковска

    Во кругот на СВР Куманово,  утре, во 9,30 часот,  ќе биде откриено спомен обележје посветено на 8-те загинати припадници на македонската полиција,  кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка во „Диво насеље”.

    Спомен обележје во Куманово во чест на  загинатите полицаjци  во „Диво насеље”

    Споменикот ќе биде откриен во рамките на свечената церемонија во Куманово  по повод 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), која ќе се одржи утре, 23 август. 

    Во 10.30 часот во паркот во Куманово граѓаните ќе имаат можност да се дружат со припадниците на ЕБР каде ќе биде поставена и опремата со која располага Единицата, да се фотографираат, да влезат во полициските возила итн.

    Централната прослава на свеченоста е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19.00 часот.

    Министерот Спасовски упати јавен повик до граѓаните за присуство на свечената церемонија.

    „ Во оваа прилика ги поканувам сите граѓани, кумановки и кумановци од мое Куманово да присуствуваат и да се уверат во успешноста на нашиот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ”, рече министерот Спасовски.