×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спортот во Куманово мора да живее, а не да преживува, кажа Ефтимовски

    09.10.2021 16:43 | Сузана Николиќ

    Младите се на маргините на општетвото. Тие се отргнати, демотивирани и разочарани. Ако младите се нашата иднина, тогаш каква иднина имаме? Спортот во Куманово мора да живее, а не да преживува. Младите и спортот за нас се приоритет и овој приоритет го ставаме во нашата програма, изјави кандидатот за советник од ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.

    Спортот во Куманово мора да живее, а не да преживува, кажа Ефтимовски

    Тој додаде дека во нивната програма е предвидено воведување на буџет за младите, добивање на спортски ваучери, ќе воведат бесплатен влез за сите млади под 18 години на сите спортски натпревари и манифестации.

    „Ќе изградиме скејт парк и карпа за спортски алпинизам во Куманово. Ќе организираме баскет лига 3 на 3, ќе отвориме три места за рекреација, ќе организираме кумановска лига во мал фудбал, кошарка, ракомет, пливање и тенис. Почитувани сограѓани, само со вакви конкретни решенија можеме да го направиме градот вистинско место за живеење на сите граѓани“, заврши Ефтимовски.