×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спречен обид за криумчарење папагали

    15.10.2021 07:53 | Сузана Николиќ

    При контрола на патничко моторно возило, пријавено за влез во земјава на граничниот премин „Табановце“, царинските инспектори откриле 127 папагали како непријавена стока. 

    Спречен обид за криумчарење папагали

    „На влез во државава, околу 08:30 часот на граничниот премин Табановце се пријавило патничко моторно возило, марка „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од лицето З. Н. од Република Србија. При извршена детална контрола на возилото од страна на царинските инспектори биле пронајдени 127 папагали кои биле сокриени позади двете предни седишта, во багажникот на возилото и во просторот наменет за резервно тркало“, соопштуваат од Државниот инспекторат за животна средина.

    Согласно Царинскиот закон, папагалите (во вредност од 39.500,00 денари), се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до комисијата за одлучување по прекршок.