Спречен шверц на текстилна стока
11.01.2010 13:49
| KumanovoNews
На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, царинските работници од Одделението за оперативни работи, при контрола на две патнички моторни возила со македонски таблички откриен поголема количина на шверцувана текстилна стока.

Во багажниот простор на автомобилите пронајдени се 1.425 готови текстилни производи (машки и женски џемпери, блузи, детски тренерки, машка и женска долна облека, сетови капи и шалови). Вкупната вредност на производите изнесувала 77.900,00 денари.
Возачите не поседувале никаква документација за потекло на стоката или платени увозни давачки, поради што е привремено одземена.