×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Срамен и понижувачки за македонската држава и народот е предлогот на Георгиевски, смета Димитриевски

    01.03.2021 09:07 | KumanovoNews

     Срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ е акцискиот план којшто завечерва го предложи поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, реагира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по објавата на петте точки како да се реши спорот со Бугарија.

    Срамен и понижувачки за македонската држава и народот е предлогот на Георгиевски, смета Димитриевски

    „Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

    Тој го повика Јавното обвинителство спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.

    Георгиевски предлага Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија т.е. Пиринска Македонија, држава да даде гаранции дека со ништо нема да ги помага и поддржува организациите кои бараат македонско малцинство во Бугарија. Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, да се објават сите пет веќе потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали и македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.