×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Срце што дава две срца вреди“ - монографија на Коло на српските сестри од Живка Христовска

    21.06.2021 09:28 | KumanovoNews

     „Срце што дава две срца вреди“ е мото на монографијата на Коло на српските сестри од Куманово - „Некогаш и сега“, од претседателката Живка Христовска, која минатата недела беше промовирана пред кумановци. Во монографијата е претставена историјата на здружението, се дава детален осврт на неговата работа во последните 30 години, но и на сите останати општествени политички случувања во регионот, кои дирекно влијаеле и на некој начин ги диктирале хуманитарните активности во здружението.

    „Срце што дава две срца вреди“ - монографија на Коло на српските сестри од Живка Христовска

    Претседателката Христовска, не го криеше своето задоволство што по две години макотрпна работа во време на пандемија, и по сите проблеми кои се соочила при прибирање на архивскиот матерјал и обезбедување на финансиски средства монографијата конечно го виде светлото на денот.

     „Во овие две години многу работи беа против нас, но тоа не не` поколеба да отстапиме. Напротив, не мотивираше уште повеќе, бидејќи имавме јасно дефинирана цел да успееме. Со оваа монографија го заокруживме нашиот 30-годишен јубилеј и оставивме пишан траг за идните генерации на Куманово и пошироко. Додека ги средував документите и се навраќав на сето она што сме го работеле, заклучив дека во одредени ситуации нашите зафати се граничела со невозможното. Истото тоа го правеле и нашите предходнички, но за жал, нивната работа не е одбележана. Да не ја направевме оваа монографија и овие 30 години ќе паднеа во заборав, а документите ќе останеа во некој подрум далеку од очите на јавноста“, вели авторката Христовска, која беше многу среќна, но и збунета од толкава количина на емоции кои беа споделени на промоцијата.

    Таа додава дека при изработка на монографијата особено внимавала да не испушти некој од луѓето кои  во изминатите 30 години биле со нив, па барем со слика или пишан текст да им се одолжи за поддршката. А вели, дека ги има многу, од локални и национални институции, амбасади, компании, бизнисмени, фирми, невладини организации, медиуми и граѓани. 

    „Помагаше кој колку можеше, но сите од срце. Во оваа прикила сакам да им се заблагодарам,  да им кажам дека без нивната поддршка нашиот труд ќе беше залуден. Се надевам дека не чекаат поубави времиња и нашата соработка ќе продолжи на заедничко задоволство“, додаде Жижа.

    Монографијата ја промовираше Нена Ристиќ-Костовска, професор по југословенска книжевност и српски јазик, која нагласи дека книгата е драгоцено сведоштво за општествено-политичките, социјални и културни случувања на нашите простори, во која станува збор за многу луѓе и настани во периодот од 1903 година до денес.  

    „Изработката на оваа публикација е макотрпна работа, која бара истражување и пребарување по архивите и библиотеките. Самото прибирање на документите и фотографиите, како и обликувањето на монографијата бара многу труд и пожртвуваност. Жижа успеа на страниците на оваа книга да ги забележи сите настани, убаво да ги спакува и да ги остави на идните генерации. Со својата хуманитарна, културно-образовна работа, со својата упорност и ангажирање на вистински начин се одолжи на својот народ, своето семјство, на своите Врање и Куманово, а најмногу на сите нас кои ќе ја читаме оваа монографија“, истакна Ристиќ Костовска.

    На промоцијата присуствуваа членки на здружението на Коло на српските сестри од Ужице, Пожаревац, Прокупље, Врање, Ниш и Суботица, кои преку свои сеќавања ја раскажаа посветеноста и упорноста на нивната сестра Жижа да помогне кога е најтешко. Тие се заблагодарија и на нашите сограѓани од Куманово, кои за да помогнат на српскиот народ во време на воените премрежија учествувале во многу хуманитарни акции, но и лично патувале во градовите на крводарителските акции.    

    Раководството на Коло на српските сестри за успешната соработка со поединци и организации додели повелби и благодарници.

    (С.Н.)