×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сребрен медал за јуниорите на Пинг - понг клубот "Куманово"

    29.05.2023 12:31 | Оливера Пешевска

    Јуниорската екипа на Пинг - понг клубот „Куманово“ го освои второто место и се закити со сребрен медал на финалниот турнир на Државната јуниорска лига, кој викендов се одржа во Крива Паланка.

    Сребрен медал за јуниорите на Пинг - понг клубот "Куманово"

    Екипата ја сочинуваат Јаков Кузмановски, Јаков Јакимовски, Стефан Станковски и предводникот на овие млади пинпонгари Андреј Васевски. 

    Во финалниот натпревар загубиле од тимот на ППК „Крива Паланка“ со 3:1. Играта на моменти била изедначена и неизвесна, но победата им припаднала на поискусната екипа во овој момент.

    „Благодарност до натпреварувачите, кои упорно работеа и веруваа во онаа што го работиме. Јас како тренер на овие млади пинпонгари можам во целост да бидам задоволен од постигнатото во оваа сезона, бидејќи во голем дел ги постигнавме зацртаните цели но јасно е дека секогаш може подобро. Подолжуваме понатаму“, изјави тренерот на Пинг понг клуб „Куманово“ Мики Трендафиловски.

    На турнирот учествуваа четирите најдобри екипи од дванаесет кои членуваат во националната лига.

    До крајот на сезоната преостанува уште учеството на Андреј Васевски на ТОП 8 во Штип, каде ќе настапат осумте најдобри јуниора во државата.

    На овој натпревар му претходело националното првенството за јуниори од 10 до 16 години што започнало во октомври минатата година. По одличниот старт во првите кола на лигата, екипата од Куманово останала без еден од клучните играчи.За брзо време ја консолидирале екипата  и првенствот го завршуваат на второ место во Државната јуниорска лига.