Среда неработен ден за Евреите
17.09.2015 15:18
| KumanovoNews
23 септември 2015 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ,
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.