Среда неработен ден за припадниците на српската заедница
25.01.2021 08:53
| KumanovoNews
Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците - 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.