Среда неработен ден за сите граѓани
23.05.2023 08:17
| KumanovoNews
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 мај е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.
Воедно, Министерството соопштува дека согласно со Законот за празниците, 23 мај, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.
Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.