Средба на генерации во Младо Нагоричане
10.06.2015 12:52
| KumanovoNews
Во основното училиште „Христијан Т.Карпош“ во село Младо Нагоричане, во сабота со почеток во 10 часот ќе се одржи средба на генерации.

Ќе бидат присутни ученици кои во 1967-1968 година завршиле основно образование во ова училиште.
Оваа среба е традиционална и се поканети сите ученици, живите наставници и директори од училиштето. Очекуваме да присуствуваат 50 луѓе - вели Славе Стефановски, од иницијативен одбор за средба на генерации.
Претходните години беше направена биста на херојот со средства од локалните бизнисмени во општина Старо Нгаоричане.