×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средновековен фестивал во Крива Паланка

    07.10.2022 12:13 | Жаклина Цветковска

    Викендов (8 и 9 октомви ) во Крива Паланка ќе се одржи средновековен фестивал на кој ќе бидат презентирани главните карактеристики на т.н. мрачно доба, кое побудува голем интерес кај јавноста за овој историски период.

    Средновековен фестивал во Крива Паланка

    На Градскиот плоштад и на сцената на летниот театар ќе биде поставен средновековен логор кој претставува реконструкција на  цивилизацијата од 5-15 век.

    „На средновековен фестивал ќе бидат презентирани средновековни битки, занаетите како кожар ство, иконопис, книговез, грнчарство, резбарство, кулинарство, ковачкиот занает и други анимации. Питоа, секој посетител ќе може да види како од парче метал може да се роди врв на стрела, од купче глина – домаќински сад, од парче кожа – убав колан. Ќе има и работилница за изработка на средновековни шлемови, ревија на облека каактеристична за средниот век, како и концерти на средновековна музика и фолклорни игри. За фестивалот веќе постои голем интерес кај публиката од општината и државата, а секој посетител може да понесе спомен од средновековието преку фотографирање во автентична облека и амбиент“, вели Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

    Учесници на средновековниот фестивал се Здружението „Чигот“ од Варна и Историскиот музеј од Ќустендил, Бугарија, Народниот музеј од Лесковац и претставници на локалните музејски установи од државата.

    Организатор на овој редок и уникатен културно-едукативен настан  е Градскиот музеј од Крива Паланка, поддржан од Општина Крива Паланка  и ИПА програмата Бугарија-Македонија.

    Средновековниот фестивал се организира во чест на Денот на ослободувањето на Крива Паланка, „8-ми Октомври“.