Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската напредна странка реагира на настапот на пратеникот Иван Стоиљковиќ од ДПСМ на една од националните телевизии.
По повод настапот на господинот Иван Стоилковиќ на нарачаното интервју на Сител телевизија со Латас, а во врска со вербалниот инцидент во Собранието на РМ, меѓу него и Радмила Шекеринска актуеленен пратеник на СДСМ. Српска Напредна Странка осудува секакви закани за селење на било кого, а особено доколку тоа е закана кон српскиот корпус, бидејќи политиката на етнички селења е анахрона и на никого не му носи добро. Во вчерашното интервју господинот Стоилковиќ ликуваше пред македонската јавност како после добро завршена валкана работа, и несвесен дека е само инструмент на туѓа политика „divide et impera“. Со овој настап господинот Стоилковиќ не само што беше безобразен, невоспитан, крајно дрзок, вулгарен и навредлив кон Србите во РМ, туку покажа една ниска политичка култура, да не речеме некултура, што е олицетворение на таков ментален склоп. Господине Стоилковиќ, поради сево ова, поради твоите резултати под наводници, поради одбраната на српска куќа како законодавна власт, поради исполнето ветување за напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, поради признавање на Косово и Метохија, поради тоа што ние „немаме врска со мозокот“ ДОСТА Е! Те молиме немој веќе да не представуваш оти сме возрасни и мошне јасно ги разликуваме Бранковиќи и ситно шиќарџиска божемна политика. Во клучните моменти за Србите на Балканот, Вие господине Стоилковиќ ништо, ама баш ништо не сторивте, уште полошо со своите постапки и со своите настапи покажувате дека сме добри политички вазали, без разлика во кој политички табор се наоѓате бидејќи свој и немате. Иако долго се јавувате на политичката сцена, оти секогаш се потребни сервилни личности кои ќе ги вршат валканите работи за т.н. големи политички субјекти и туѓи политики. Заради сето ова, доста е. Доста не представувате и доста не срамевте, бидејќи не можете, не сакате, не смеете или не умеете да ги артикулирате политичките интереси на Србите, и ова што го работите сега и сето она што ни го сработевте досега е злосторство кон Србите, зошто кога-тогаш ќе ги поднесете сметките, оти злосторствата никогаш не застаруваат. За ваша несреќа, за среќа на Србите во РМ, не има уште много повеќе кои имаме врска со мозокот, кои умееме и смееме да ги артикулираме политичките интереси и кои не тргуваме со националните чувства. Сепак Ви благодариме што си го одкривте своето право лице, својот политички профил, за да тргнеме кон конечното обединување и градење на самостојна автохтона политика која ќе е во интерес на сите граѓани, секако и на Србите, со која никој нема да не сели оти на нас од селби и делби ни е преку глава, на крај и ве разбираме. Човек кој секогаш бил во туѓ табор а никогаш не излегол на избори, па не е представник ни на партиската значка која ја носи, затоа и за сето предходно, доста е. Погледнете си во патоказот кон историјата, доста е!- се вели во соопштенето од Кабинет за информирање на СНС.