Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со уметничка програма и промоција на книгите „Додик чувар на српска„ од Милан Љепојевиќ и „Ѕидање на сонцето„ од Гордана Јовиќ Стојковска, Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово синоќа ја прослави 21- годишнината од одржувањето на првата конститутивна седница.
На присутните гости им се обрати председателот на Српската заедница Горан Зафировиќ.
Од оваа временска дистанца гледаме колку било неопходно српскиот корпус да создаде едно вакво граѓанско здружение кое ќе се бори за зачувување на културниот и нациналниот идентите на Србите. Беше тоа време кога се случуваа големи промени во државата, па првите активности на тогашните визионери беа од огромно значење за сите наши понатамошни активности.Нашата организација активно работи на зачувување на нашиот, а го уважува идентитетот на другите народи во нашата заедничка татковина, па и пошироко. Србите се лојални граѓани на Република Македонија и ги почитуваат сите институции на системот, и секогаш биле тука со својот братски македонски народ - кажа Зафировиќ.
Српската заедница во Македонија како невладина и непартиска организација, формирана е 1991 година и брои неколку илјади членови. Има свои ограноци во Куманово, Скопје, Тетово, Валандово, Битола, Струмица, Пробиштип,Гевгелија, Охрид и другите градови.
Во вториот дел на свеченоста, беа промовирани книгите „Додик чувар на српска„ од Милан Љепојевиќ и „Ѕидање на сонцето„ од Гордана Јовиќ Стојковска.
Мотивот да ја напишам оваа книга се постојаните напади, критики, удари и атаци, кон претседателот Милорад Додик, односно кон Република Српска. Факт е дека тоа го прават одредени структури на меѓународната зедница, одредени странски невладини организации, бошњачките странки и опозицијата. Милорад Додик не е само претседател на Република Српска, туку и персонификација на Република Српска и со полно право може да се каже дека е нејзин чувар- вели авторот Љепојевиќ.
Романот „Ѕидање на сонцето„ е посветен на жртвите од бомбардирањето на Србија во 1999 година, а пред се за сите киднапирани и исчезнати лица на овие простори.
Постои една глобална кампања, да се прикријат тие моменти, а тоа е нешто што не смее да се заборави. Ако ја погледнате историјата на тие трагични киднапирања и злоупотреби на човековото тело за нечија финансиска добит, се прашуваме што ќе стане со светот понатаму. И во Македонија се заборави на исчезнатите лица од 2001 година, а секојдневно исчезнуваат нови лица. Овој роман покрај тоа што има уметнилчата нитка, има и многу важна порака, а тоа е да не заборавиме па побараме да ни се објасни кој го направи тоа. Така ќе им олесниме на родителите кои останале сами без ничија подршка, незнаејќи за судбината на нивните најмили- објаснува авторката Јовиќ Стојковска.
На свеченоста по повод 21-от роденден на Српската заедница имаше и богата уметничка програма, во која настапи Милош Спасиќ клавир и камерниот состав „Виво„ од Куманово.