×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српската заедница утре ќе ја одбележи 82-годишнината од битката на Аџитепе

    05.04.2023 17:24 | Сузана Николиќ

    Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ),  утре организираат одбележување на 82-годишнината од битката на аеродромот Аџитепе во која загинаа пилоти и припадници на војската на Кралството Југославија. 

    Српската заедница утре ќе ја одбележи 82-годишнината од битката на Аџитепе

    Поменот ќе одржи пред Споменикот на загинатите пилоти во населбата Долно Којнаре.

    „Во 11 часот ќе собреме да им одадеме почит на загинатите херои и со полагање на цвеќе да го одбележиме овој ден.  Ги повикуваме сите организации со антифашистички предзнак и граѓаните да ни приклучат“, кажа советникот на ДПСМ Мирослав Тричковиќ. 

    На поменoт се очекува да присуствуваат претставници од Амбасадата на Република Србија во Македонија, градоначалникот на Куманово, пратеници, советници, претставници на политички партии и граѓани.

    На 6. април 1941 година во 4.30 часот, два часа пред бомбардирањето на Белград и официјалниот почеток на Втората светска војна во тогашна Југославија, нападнати се и уништени авиони на Военотот воздухопловство на Кралството на Југославија, кои биле стационирани на воениот аеродром Аџитепе или тогашна Режановска коса покрај Куманово. Во неколку часовната борба животот го изгубиле 15 пилоти, офицери и подофицири, кои се први жртви на априлската војна во 1941 година.

    По завршување на Втората светска војна Скопскиот воздухопловен гарнизон и Сојузот на борците од Куманово, го подигнале Споменикот на авијатичарите како признание за нивната несебична борба против фашизмот.