Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во состав на Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од минатата година функционира работилница за изучување на српскиот јазик. Часовите се изведуваат во библиотеката на друштвото, а со децата работат учителките: Жаклина Милинковиќ, Магдалена Митровиќ и Бојана Николиќ Вељановска.
„Основна цел на оваа работилницата е изучување на српскиот јазик и српската култура. Во нејзините рамки функционираат две групи. Во едната група членуваат деца од 8 до 14 годишна возраст, а во втората повозрасна група членуваат деца од 15 до 25 годишна возраст “, информира Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“.
Најмалите членови на работилницата добија комплет на училишен прибор, кој го обезбеди Министерството за култура на Република Србија.
Неодамна како дел од работилницата беше оформена и рецитаторска секција во која засега членуваат неколку дечиња.
Промоцијата на оваа секција беше на годишен концерт на КУД „Српски вез“, кој се одржа на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на 25 септември годинава.
Работилницата е подржана и помогната од страна на Амбасадата на Србија, Министерството за култура на Република Србија и Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот.