Српскиот ансамбл „Коло“ ќе одржи концерт во Куманово
09.06.2023 07:45
| Сузана Николиќ
Националниот ансамбл на Србија „Коло“ во утре /сабота/ од 19 часот ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Оваа година ансамблот „Коло“, слави 75 години постоење. Јубилејот го прославува со серија активности, меѓу кои и регионалната турнеја наречена „Колодром“, во која се вклучени два концерта со ансамблот „Танец“ од Скопје. Првиот концерт е одржан вчера во Крагуевац, а вечерва ќе настапат во Битола.
Во Куманово „Коло“ доаѓа на покана на КУД „Српски вез“, кои како организатори и домаќини на концертот исто така ќе настапат со неколку кореографии.
Концерт е поддржан од Општина Куманово.