Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Салонот за очила Оптика Стил, сместена во ТЦ Сума го одбележува Меѓународниот месец за подигање на свеста за далтонизам. Поради тоа овозможува бесплатен, брз и прецизен тест за рано откривање на пореметувањето.
Ако не можете точно да ги одредите основните бои, ако луѓето често ви велат дека тоа не е таа боја за која вие сте мислеле, тоа се првите знаци на пореметувањето на препознавање на бои.
„Далтонизмот не е слепило, или оштетен вид, туку неможност да се распознаваат бои, најчесто: црвената, зелената, жолтата или сината боја. И наспроти општото мислење далтонистите не го гледаат светот во сива боја, туку многу побледо ги гледаат боите за кои постои пореметувањето. Ова пореметување значително може да го успори процесот на учење кај децата со далтонизам во пониските одделенија, но и да го намали квалитетот на животот за луѓе со занимања за кои е неопходно распознавање на бои и точно одредување на некоја нијанса-модни креатори, шминкери, графички дизајнери, возачи или електричари, за кои е важно да ги распознаваат боите на жиците за да не се доведат во животна опасност“, вели Милена Миленковска, оптометрист во Оптика Стил.
Во светот над 350 милиони луѓе имаат далтонизам, мажите многу почесто од жените-еден од 12 мажи наспроти една од 200 жени го имаат пореметувањето. Тоа е поради наследената аномалија на окото, пристутна уште од раѓањето. Далтонизмот може и да се стекне во текот на животот и тоа како последица на катаракта, паркинсонова болест, користење на антилептици или кога процесот на стареење ги оштетува клетките на мрежницата.
Не постои лек за далтонизам, но постојат помагала, како стаклата за наочари за далтонисти, кои можат да се изработат и со диоптрија.
„Во понуда ги имаме специјализираните стакла за далтонизам, во црвена боја, кои не затемнуваат или осветлуваат во зависнот од јачината на светлината. Но, значително ја зголемуваат способноста на распознавање на боите или поголем контраст кој може да ја оддели бојата која ви е тешко да ја препознаете. Ги изработуваме и во констатираната диоптрија на корисникот. За секој дополнителен совет или препорака може слободно да се јавите на бесплатна консултација кај нас“, потенцира Миленковска.
За светот да го видите во сите негови нијанси, за полесен процес на учење кај дечињата, за да имате слобода да го изберете посакуваното занимање кое изискува добро распознавање на бои и нијанси побарајте ја Оптика Стил во ТЦ Сума. Работат секој ден, освен недела од 10 до 21 часот. Или можете да закажете преглед на телефонскиот број 075/910-830.
(ПР Текст)