×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ: ЧЕКОРИ ЗА КУЛТУРАТА

    20.05.2021 06:08 | KumanovoNews

    Во времето кога поминавме една пандемиска година, а втората веќе ја живееме, треба да согледаме и подразмислиме каде е во моментов уметноста, културата и како да продолжиме понатаму создавајќи и работејќи во овие услови.

    СТАВ: ЧЕКОРИ ЗА КУЛТУРАТА

    Како и светот така и ние се прилагодивме на новонастанатите услови кои ги почитуваме се со со цел бројките на новите случаи од ковид да се држат под контрола, во очекување дека ќе извојуваме победа над невидливиот непријател.

    Информациите кои доаѓаат не се многу оптимистични и прогнозите се дека оваа состојба на топло - ладно ќе потрае целата 2021 и 2022 година. Но, и во такви услови ние треба и мора да работиме и да создаваме културни настани. Да ја вртиме културната топка и да не застанеме. Културата доколку ја согледаме од повеќе аспекти и загребеме под нејзината површина ќе видиме дека е комплексна состојба, која може да се разграни на повеќе сегменти за да придонесе кон едно целокупно позитивно влијание во општеството. Културата и културните активности треба да бидат со сигурни и брзи чекори, но да допринесат културните политики да бидат видливи и трајни во годините кои следуваат. Исто како и кога ќе го засеете семето, потребно му е некое време да израсне, но мора да се започне со работа, да се остави да израсне, да созрее и да го даде својот плод. Ние како земја имаме со што да се гордееме и со што да се пофалиме од културен аспект. Минатото ни оставило многу културни факти и артефакти кои мора и треба да ги негуваме и претставуваме во јавноста и во светот секогаш и секаде, понекогаш изворно такви какви што се, а понекогаш и во некоја нова форма која ќе допринесе поинаку да ја восприемеме таа уметност. Новото време бара и нова форма на изразување и секако унапредување на она што било и што ни е оставено како наследство. Мора да пристапиме и кон новите генерации, кон некои нови форми на практицирање на уметноста, кон создавање на обид за нешто поинакво.  Да не ја гледаме културата само како уметничка слика или театарска престава. Културата  е многу повеќе од тоа, заедно со тие уметнички форми. Токму во оваа време на големите промени и непријатности кои ги живееме културата треба и мора да ни биде приоритет. Бидејќи таа е печатот, жигот на општеството и државата. Културата може да создава вредности, можности и работа. Таа е мотор и поттик за напредок. Ги приближува луѓето. Ги обединува. Културата е точката по која се препознава некоја држава и граѓаните во неа, таа поврзува и создава пријателства.

    Културата е единственото нешто кое гради мостови, кое може да придонесе за позитивен развиток на едно општество и да понуди иновативност. Можеби повеќето мислат дека културата само зема, но она што го дава културната активност е непроценливо, бидејќи создава трајни вредности и спознанија. Таа не поврзува со светот, ни дава можност за себеспознавање, за осознавање и продуцирање на нови идеи, кои во последно време ги гледаме од многу креативни млади луѓе кај нас. А тие идеи изнедруваат, нови правци, кои секако не се сите со ист квалитет, но мора да се создава, и да се сработува за да се исфилтрираат новите правци, новите идеи, да се пренесуваат нови пораки преку нови медиуми. И така треба и да се продолжи. Храбро со одлучни чекори кон убавото и новото. Исто така, потребата од поврзувањето на различни општества, држави, светови, региони е богатството кое треба да го го прави културната политика. Преку разликите всушност ќе ги пронајдеме нашите заеднички работи. Виолината е иста на секој јазик, таа дава универзален звук кој сите го разбираме и затоа треба да се стремиме да вложуваме во културата и културните настани. Треба да изнајдеме начин и решение да пристапиме до публиката и во оваа време, да ги отвориме културните институци, и преку тоа да помогнеме во лекувањето на општеството, бидејќи уметноста знае да не предизвика, да не успокои и да не натера на размислување, а сето тоа во оваа време невреме ни е многу потребно.

    Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“