×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ: Отворено до крај, на кумановски

    06.07.2021 10:32 | KumanovoNews

    Факт е дека кумановци се навикнати 30 години на ова. На СИСТЕМ... СИСТЕМ кој на период од десетина години наменски креира личности, ги идеализира и глорифицира до степен на икони и к´метови на Куманово, ги крева на политичкиот пиедестал и ги прави во очите на кумановци толку големи и моќни што народот почнува да верува дека е зависен од нив, до степен што и воздухот кој го дише му е од нив даден. Веќе 30 години овој СИСТЕМ ги „инфицира” кумановци со задолжителна стравопочит кон наменски креираните личности. Многу повеќе со страв, отколку почит, но тоа излегува на виделина дури откако на к’метовите им завршуваат функциите.

    СТАВ: Отворено до крај, на кумановски

    Арно ама, многу време помина. Триесет години иста инфекција и верувајте луѓето полека стануваат “отпорни”. Денес веќе на сите им е јасно дека сето ова е само едно системски контролирано сценарио за еден исти филм. И тоа излитен, стар, сино-жолт.... гледан...репризиран... Во Куманово неколку пати...За жал. На менторите и на главните глумци во сдсМ им беше јасно одамна.

    Првите се креатори, а вторите извршители на овој СИСТЕМ. Но, сега им стана јасно и на обичните чланови и симпатизери на сдсМ. Им стана јасно на сите Македонци, а од неодамна им стана  јасно и на Албанците, бидејќи со нив најмногу се манипулираше и се уште се манипулира од страна на сдсМ СИСТЕМОТ. На кумановски преведено се вели “л’жев ги”. Се уште “големците кумановски“ од петни жили ја користат секоја можност да им го наметнат на Албанците мислењето демек ако си Албанец не може да си близок со ВМРО-овец. Но, не им пали веќе и не е така! Имаме и другари и пријатели и колеги Албанци и тоа на чиста човечка основа. Не близина на основа на гол интерес. Но, за разлика од нивните, овие пријателства се доживотни, бидејќи пријателствата од интерес пукаат во моментот кога интересот се губи. Допрва ќе се потврди.

    Кристално јасно им стана и на Ромите од Куманово дека од страна на сдсМ се сметаат само како глас на денот на избори и толку.

    Јасно им е и на Србите, оној мал дел што се во коалиција со сдсМ, дека се само маркетинг именка за приказ на фиктивно големиот коалиционен капацитет на сдсМ. На сите им стана јасно се! Јасно им е на погоренаведениве опции, фактори, и партии дека сите се манипулирани со години од сдсМ и дека само ПОЕДИНЦИ, од сите претходно наведени, имаат ЛИЧНИ БЕНЕФИТИ, кој поголема, а кој помала можност за демонстрација на моќ пред народот, пред кумановци. Поединци и личен интерес!!! Тоа е поента на СИСТЕМОТ. Но каде е Куманово тука? Каде се кумановци? Каде е општотото добро, стандардот и просперитетот? Ајде да се замислиме сите? Барем малку овој пат...Барем малку…

    Порано никој од члановите и симпатизери на сдсМ не смееше да помисли да шепне нешто против овој СИСТЕМ. Сега веќе почнаа да зборат. Додуша, потивко, за да не ги чуе “шефот”. И тие се обични луѓе. Не како оние поединци со функции и моќ, кои одамна заборавиле како се оди по земја. Затоа, зборат дека е катастрофа ситуацијата, дека станало за никаде, дека назадуваме, дека сиромаштијата расте, дека се е поскапено и дека го чувствуваат тоа, дека непотизмот царува, а криминалот напредува, дека не постои систем на вредности, дека се излажани и дека се чувствуваат предадени…

    Да, да.Така зборуваат...

    И сега идат избори. СИСТЕМОТ нормално, пак се активира агресивно. Многу години се во прашање. Дел од народот веќе по навика смета дека е зависен од тој СИСТЕМ, дека СИСТЕМОТ му дал се во животот, дека наменски креираниот ПОЕДИНЕЦ му дал се во животот. Веднаш на секого му проработува инстинктот за личен интерес, веднаш почнува да се мери, премерува, да се вага...Личните бенефити стануваат приоритет, а треба да се гласа за ОПШТИ ИНТЕРЕСИ, ЗА ГРАДОТ, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТ НА ОПШТИНАТА?

    Веднаш се размислува кој ни е близок, а не кој ни е најдобар и најкадарен. Веднаш, неколку колена семејно, партиско и никакво друго позиционирање во општинската администрација, почнува да превагнува. Бабата и дедото дома веднаш си велат нешто налик на ова – „Нашето веќе полека поминува, но добро ни е. Децата ни се згрижени по општината и јавните претпријатија. Добро им е и на нив со години. Комотни се“. Но, никако бабата и дедото, сиве овие години, да помислат и на тоа дека внуците во странство им избегале, дека животот им поминал во бесперспективна касаба, не се запрашале зошто дишат најзагаден ваздух, не помислуваат дека во 21 век немаат канализација и водоводна мрежа, а живеат во најголемата општина во Македонија. Не се прашуваат зошто немаат парк да прошетаат во пензионерските денови, не се прашуваат зошто со пензијата се помалку основни намирници за живот сега можат да купат, дека истиот резервоар на нивниот автомобил сега илјадарка повеќе “лапа”...??? СИСТЕМОТ ги програмирал, не размислуваат повеќе. Едноставно, си велат ”Зoшто да ги менуваме овие? Наши се.” Еј, наши се... Замислете. А оние другите чии се? Приоритет станува личниот комодитет на семејството и нивните работни места. Па помислата дека ако дојде некој “ТУЃ, A НE НAШ” можеби комодитетот ќе се подрастури, може тој друг ќе побара кафе паузата да биде само половина час, а не пола работно време. Ќе даде задачи и рокови. Никој не помислува дека можеби резултат од сето тоа ќе биде нешто добро, но не само за поединци и нивните семејства, туку за СИТЕ ВО КУМАНОВО. Дека ќе има резултати и дела на видело. Дека ќе биде добро и за оние кумановци кои никогаш П од политика не сакале да слушнат...

    Затоа почнав од бабите и дедовците, па генерациски наназад до сега. Затоа јавно го отварам ова нешто за кое сум убеден дека не е ништо ново, нити нешто сум измислил, туку за истото некои мислат дека е страшно и тешко да се каже на глас во Куманово. Може ќе замереле некои, поени може ќе се изгубеле...Но, лично сметам дека вреди да се каже отворено. И дека е прав моментот. Вреди да се укаже и посочи дека е КРАЈНО ВРЕМЕ ДА СЕ ДАДЕ ШАНСА НА ЕДЕН ДРУГ, ПОШИРОК КУМАНОВСКИ КОНЦЕПТ. Да му се стави крај на овој затворен 30-годишан СИСТЕМ ...од колено на колено. Треба да се даде шанса, ако не за друго,за да се провери едноставно дали ќе има разлика. Да се види дали ВМРО-ДПМНЕ и квалитетни луѓе со блиски размислувања, без разлика на религија и партија, можат да кренат на нозе и обединат се што е прогресивно и квалитетно во Куманово. Заедно , со сиот квалитетот што веќе е во општината и во јавните претпријатија, затоа што многу ќе згреши оној што ќе каже дека се што било до сега не чини и дека од победата на следните локални избори на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово ќе започне се. Не!!! Погрешно размислување е тоа. Поради тоа и дојдовме до тука. Генерално...

    Треба да дојдат личности кои нема да помислат да “јадат живи луѓе” !

    Еј, сите сме од тука, сите сме кумановци! Да дојдат личности кои со своите сограѓани нема да се изживуваат само затоа што не се онаа или оваа партија, туку истите да се сплотат и за сите кумановци да почнат да креираат, да градат, да работат. Но НЕ ЗА ПОЕДИНЦИ, ФАМИЛИИ, ГРУПАЦИИ, НЕ ЗА

    ЛОКАЛНИ МОЌНИЦИ!!! НЕ ЗА НИВ, ТУКУ ЗА СИТЕ КУМАНОВЦИ!!

    Најквалитетните и најенергичните на вистинските места. Вредни,чесни и мотивирани да работат за својот град, а на тој начин за сите околу себе.Тоа ќе е придонесот ЗА СИТЕ. Нека биде која сака вера и партија. Не може да го бришеш како со гумичка од лист хартија и да му ја одредуваш судбината на неговиот живот, само затоа што не ти е истомисленик по било која основа.

    Генерациски на сите да им се даде шанса. Подеднакво. Најстарите како најискусни за совет, а помладите полни со енергија за имплементација и реализација. Нека го сфати ова кој како сака. Јас сум убеден дека се може. Како? Е, па, како може да се пијат кафиња заедно, да се прегрнуваме каде и да се сретнеме на секое видување, некои и бизнис да водат заедно, да се нарекуваме браќа, да се ородуваме меѓу себе и да славиме семејни пригоди

    заедно - убеден сум дека и во име на градот, во име на нашето КУМАНОВО може да се екипираме.

    Да се постават повисоки критериуми. Кадар Куманово секогаш имало. Го има и сега. И во институциите внатре го има. И во општината и по јавните претпријатија. Но, концептот е погрешен, а кадарот е демотивиран. Доведен е до фаза што велат кумановци - “уилан биднаја”. Таквa и државата ни ја

    направија. За 4 години. На работа идат, а нозете назад им се враќаат. Не постои правичен систем. Затоа, и нема резултати. Затоа нема напредок и прогрес. Демотивирани се квалитетните луѓе. Некои и лично ги познавам . Не се мотивирани да дадат максимум во институциите. Зошто? Затоа што, пред секои избори, им доаѓа нов партиски војник од сдсМ во ионака пренатрупаната канцеларија со партиски кадри и за кратко време почнува да им шефува. И не само на работното место, туку и како бројче во автобус го смета за првиот нареден партиски митинг.

    Да се работи со максимално залагање до 16.30 часот, да не се ставаат сопки, туку да се мотивираат и подржуваат сите. Ама зошто, ќе се запрашаат многумина сега? Абе нема за кого, е флоскула која е најчестиот одговор на мнозинството луѓе. И не се виновни. 30-годишен СИСТЕМ ги работел малку по малку, но сигурно. Нема ли за кого? ИМА,ИМА!!! Но не само за себе, не само за личен интерес. ЗА ИНТЕРЕС НА КУМАНОВО, ЗА ИНТЕРЕС НА КУМАНОВЦИ! За заеднички долгорочни цели и дела што ќе останат зад нас, за идни генерации кумановци на кои ќе им дадеме можност да можат некогаш да кажат -„Имаше една генерација на кумановци која престана да си вади очи меѓусебно една на друга, која не беше со уста полна за ЕВРОПСКО КУМАНОВО само од избори на избори, генерација која секој квалитетен и надежен, иако е од “другу страну”, не го рушеше СИСТЕМСКИ , која остави трага со тоа што го сакала Куманово и работела реално и искрено за просперитетно Куманово. Генерација која на Куманово му ја овозможи онаа навивачка песна на КУМАНИ “... Живела, живела КУ-МА-НОВ-СКА  ДР-ЖА-ВА...” пак да биде лајт мотив на едно време, на кумановци, како некогаш кога други луѓе од гратчињата по Македонија доаѓаа во Куманово да видат што е ГРАД. За разлика од сега. За жал!

    И за крај, отворено на кумановски, до крај!

    За да се деси овој, некои на почетак ќе бидев пљукани, деградирани, репресирани лично, најверојатно и фамилијарно, “СИСТЕМСКИ РАБОТЕНИ ОД СТАРУ ШКОЛУ”, лупани од онија на кои ов’ј поширок прогресиван кумановски концепт нема да им одговара, зашто би губиле од моќ, би немале личан интерес. Ама тија се броив на прсти на две руке. Ќе се издржи. Такој мора да биде, ако сакаш да смениш стар филм кој трае 30  године. Ама после тој, убеден сам, сви кумановци ќе гледав, ама не филм. Ќе гледав како е реално могало да биде ПОДОБРО ЗА СВИ, А БИЛО САМО ЗА НЕКОИ!

    Наслов не е случајан. Ваљда ов’j пут ќе се подзамислимо и надам се разберемо.

    У КОРИСТ НА СВИ! У КОРИСТ НА КУМАНОВЦИ!

    Бобан Николовски,

    Потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово