×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ: ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК

    07.04.2021 07:24 | KumanovoNews

    Ова веќе наликува на очај. На овој пиреј, како да му е судено и од бога дадено, на ова тло да се буди во апатија, безнадежност, неверување. Со истото чувство да ги затвора очите и да оди на спиење.

    СТАВ: ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК

     Разочарувањето е се поголемо и поголемо со секој нареден изминат ден. Мислите длабоки, надежите големи, желбите неостварени по долгонајавуваниот живот за сите, кој требаше да не издигне од пепелта, да не спаси од режимот и да донесе пред се перспектива за секој од нас во "едно општество за сите". Оптимизмот станува непознат поим, нешто што е исчезнато во денешно време кога се работи за очекувања од обновување, рестартирање и функционирање на нормалниот систем на управување и живеење.

    Додека ова го пишувам ми иде мисла дека Македонија не е само географски поим што го сакаме и за која лееме солзи, Македонија ја чинат луѓето, а без нив е сеедно што ќе се случува со неа.

    Тажната ковид приказна започа некаде пред година дена, кога ни ја украдоа пролетта, кога ни ја ограничија слободата, кога бевме соочени со предизвик наречен ширење на непозната заразна болест. Кризата која трае и ден денеска, во која за година дена згаснаа премногу животи, многу семејства се завиени во црно, а здравствениот систем покажа низа слабости и пропусти во своето работење. Здравствената еволуција во борбата против оваа заразна болест во светски рамки резултираше со пронаоѓање на лек, односно решение. Лекот бил пет пари, но само за оние со умни глави кои можат да си го дозволат и да го набават за себе и за своите најблиски.

    „Ваксајнс“ кај нас како мисловна именка, ниту на повидок, нешто ситно, незначително, "испросено" едноставно нема... Да не зборуваме пак за некој изолиран случај на алергиска реакција и истиот да стане дел од научно истражувачка дејност. Ако се слушне муабет, ако случајно има вакцини за фрлање или вишок некаде, нашиве надлежни нека следат будно и само нека се пријават и нека кренат рака. Но ние постојано, секојдневно имаме уверување од повиканите дека ситуацијата е "под контрола", нема простор за вознемиреност и паника, и дека полека но сигурно се движиме во вистински правец до стекнување на колективен имунитет. Секој е свесен дека оваа болест удира таму каде што е најтенко, по старите (но и по млади), по хронично болни и најмногу од сè – по сиромашните и по оние што немаат познати во болниците за да им најдат чаре. Тоа се луѓето што и без вирус живеат на работ на егзистенција, а при евентуална зараза се фактички осудени на смрт. Дозволивме, се доведовме во позиција како крајно несериозен систем од држава, своите граѓани да ги аминуваме,"својот спас" да го бараат, да се вакцинираат во соседна пријателки настроена земја.

    А ние што направивме ?!! Едноставно е, јасно е ко бел сончев ден.

    Не ги примивме навреме достапните вакцини затоа што не беа западни.

    We are NATO....

    Кога веќе се случи и тоа чудо да стигнат дел од вакцините (а тоа се реално премалку), факт е дека надлежните ќе немаат капациет да ја спроведат имунизацијата ефикасно, онака како што треба, бидејќи и за тоа треба плус кадар, услови, знаење, простории….

    Додека ние глумиме сериозна држава која се грижи "најдобро" за јавното здравје преку спроведување на мерки како полициски час во "ниедно време" или карантин во време на верски празници, цела Европа и земјите во регионот, веќе најдлабоко се навлезени во имунолошки предизвик.

    Продлабочена здравствена и економска, финансиска криза и немањето на капацитет, ниту знаење, повиканите да се справат со настаната, комплицирана ситуација. Коруптивните скандалозни постапки на јавна сцена, се декор за било која корисна работа која требаше да се направи за добробит и во името на нашите граѓани. Провизиите на оние посветените 16/24, им беа далеку побитни, отколку навремена набавка на вакцини и здравјето на своите сограѓани.

    А, баш ни е и гајле на нас во најголемата ни општина. Кога си имаме и плус Општински кризен штаб за справување со ковид пандемијата, кој си работи колку да си работи, за одредена блиска до власта категорија на граѓани, за одреден настан, избори и сл, менаџиран од градоначалникот. Токму пред неколку месеци и на таков начин се случи и селф промоушн на суперменот кој стана "херој" на тв преку насолзени очи и идење "контра" на политиките на централната власт. Дел од препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, како да не важат во оваа општинска касапана. 300 - те и кусур вработени општински чиновнички поданици редовно си одат на работа со гордо крената глава и широка насмевка, без запазување на некаков систем на ротација или сменско работење, да не зборуваме пак за препорачаната минимум социјална дистанца. А што се виновни луѓето што се постојано изложени на ризик преку извршување на своите секојдневни работни обврски.

    Што е ова ако не е инаетење и демонстрирање сила, апсолутно непочитување на препораките во период кога бројката на заразени е во пораст, каде имаме секојдневно над 1.200, 1.300, 1.400 позитивни на ковид - 19, и во просек од 30- тина починати. Што би кажал сега почитуваниот министер дека нема потреба сега за понатамошно прегрупирање и растеретување на човечки капацитети кога веќе најдлабоко сме навлезени во третиот пик од корона кризата.

    Кај и да е ќе помине.

    Секој страв исчезнува кога во работните простории се чувствува духот на суперхеројот и кога се вперени очите во сликата на ѕидот, додека го конзумираат утринското кафе. Која дволичност, кога сме во овој дел, кога читаме, слушаме изјави од градскиот татко на најголема општина во "нашата земја" , кој неколку пара чизми искина, за да на јуриш и тој самиот даде апсолутен допринос што државата сега е на колена и со питачки стап во рацете.

    Опустошена и обезличена. За да подоцна смени реторика и начин на размислување од причини познати и за мали деца и стихијно почне да "блеска" во името на патриотизмот и национализмот како најголем војвода, од време комитско.

    Ако историјата ја пишуваат победници, во хибридни општества како нашето ја пишуваат губитници.

    Овој ужас без крај, премногу боли, пече, корне и се помалку се трпи.

    И по се ова......

    Мислите дека се уште има луѓе на кои им е сеедно што ќе се случува со нивните животни судбини, ако останат да живеат и творат во оваа земја!? Да бидеме упорни и секоја цел кон поздраво утре, да ни стане автоматска и несвесна навика. Не случајно се вели дека здравиот човек има многу желби, а болниот само една!

    Многу прашања заслужуваат одговор и своја разрешница треба да добијат наскоро!

    Срѓан Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во овој текс не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не носи одоговорност за содржината на истите.*